Работни односи
Договори за вработување, интерни акти, откази и спорови — за работодавачи и работници.
Законот за работните односи е заштитен закон: голем дел од него важи без оглед на тоа што пишува во договорот. За работодавачите, усогласеноста главно значи рамката да се постави правилно пред да се појават проблеми — договори, интерни акти и документирана постапка. За работниците, истите правила се мерилото дали отказ или неисплатено побарување може да се оспори.
Ги советувам работодавачите за договори за вработување и правилници, менаџерски договори, работно време и одмори, дисциплинска постапка и законит престанок на работниот однос — вклучително и постапки за технолошки вишок, каде постапката одлучува сè. Ги застапувам работниците во спорови за откази, неисплатени плати и придонеси и работнички права — каде законските рокови се кратки и брзото реагирање е пресудно.
Типични предмети
- Договори за вработување и интерни акти
- Откази, технолошки вишок и дисциплинска постапка
- Спорови за откази и неисплатени плати
- Менаџерски договори и договори на определено време
- Работни односи при трансакции и реструктурирања
Разговарајте за вашиот предмет